Македонија

Ахмети во Зајас го крена само албанското знаме (ВИДЕО)

Според законските одредби, истакнувањето на знамињата на заедниците на определени јавни места и манифестации е поврзано со задолжителна употреба на знамето на Република Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, подигна албанско национално знаме на јарбол кај меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас, без покрај него да биде истакнато македонското државно знаме.

Настанот беше претставен како симбол на албанскиот идентитет и национална гордост, но истовремено го отвора прашањето дали ваквото истакнување на знамето е во согласност со законските одредби во Македонија.

Во објавата за настанот, одржан во пресрет на Денот на албанската азбука, се наведува дека Ахмети го подигнал албанското знаме кај меморијалот во Зајас. Македонското државно знаме не е истакнато покрај него.

Во Македонија, употребата на знамињата на заедниците е регулирана со Законот за употреба на знамињата на заедниците, кој предвидува правила за нивно истакнување, вклучително и случаи кога задолжително се употребуваат заедно со државното знаме.

Според законските одредби, истакнувањето на знамињата на заедниците на определени јавни места и манифестации е поврзано со задолжителна употреба на знамето на Република Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

Micro RGB: пристигна супер-автомобилот помеѓу телевизорите

Секоја индустрија има свој врв. Автомобилската индустрија ги има супер – спортските автомобили, а светот на телевизорите сега го има Micro RGB. Најновата водечка технологија на “Samsung“ ја носи најчистата боја што компанијата досега ја прикажала, со посебен фокус на удобноста при гледањето.

To top