Свет

Разбиена криминална мрежа за трговија со жени од Романија

Според Европол, жените кои станале жртви на оваа шема биле експлоатирани во девет европски земји – првенствено во Австрија, Германија, Ирска и Обединетото Кралство

Меѓународна криминална мрежа, осомничена за трговија со жени од Романија со цел нивна сексуална експлоатација во девет европски земји, е разбиена за време на две полициски операции во ноември, соопшти Европол, а пренесе БТА.

За време на операциите, приведени се 38 осомничени, идентификувани се над 70 потенцијални жртви, а на 51 од нив им е обезбедена заштита.

Извршени се вкупно 61 претрес во Романија, Германија и Ирска. Полицијата заплени готовина, луксузни возила и други средства.

Се верува дека мрежата претставувала добро структурирана организација, заснована на семејни врски, која преку трговијата со овие жени остварила незаконска добивка во износ од неколку милиони евра.

Истрагата во Романија започнала во ноември 2025 година со поддршка на Европол. Во неа учествуваа и полициски служби од Австрија, Германија, Ирска и Обединетото Кралство, а во Букурешт беше формиран координативен центар.

Првата операција против осомничените во Австрија, Германија и Романија се одвиваше на 5 ноември 2026 година, по што следеше втора операција на 19 ноември, насочена кон други осомничени членови на криминалната група во Ирска и Романија.

Сторителите регрутирале ранливи жени во Романија користејќи го таканаречениот метод „љубовник“ (т.н. „lover boy“). Во оваа шема, сторителите ја добиваат довербата на жртвите преку воспоставување лажна романтична врска. Потоа, жените биле одведувани во странство и изложувани на присилна сексуална експлоатација.

Според Европол, жените кои станале жртви на оваа шема биле експлоатирани во девет европски земји – првенствено во Австрија, Германија, Ирска и Обединетото Кралство.

Најнови вести од: Свет

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

To top