Демократите во американскиот Конгрес веќе ги подготвуваат првите големи истраги против најблиското опкружување на претседателот Доналд Трамп.
Во фокусот на идните постапки ќе бидат бизнис-активностите на семејството Трамп, сомневањата за корупција, можните злоупотреби во Министерството за внатрешна безбедност, како и начинот на кој администрацијата постапувала во случајот со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Досега се испратени вкупно 12 писма до клучни личности од политичкиот и семејниот круг на Трамп.
Меѓу нив се синовите Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп, зетот Џаред Кушнер, потпретседателот на САД Џ. Д. Венс, како и државниот обвинител Тод Бланш.
Откако демократите на ноемвриските конгресни избори освоија мнозинство во Претставничкиот дом, од јануари наредната година тие ќе можат официјално да поведуваат парламентарни истраги и да издаваат обврзувачки судски покани за документи и за сведочење.