Германија ѝ обезбедува на Украина помош во вредност од милијарди евра, но јавното мислење во земјата е поделено, покажува истражувањето.
Речиси секој втор испитаник смета дека германскиот канцелар Фридрих Мерц треба „што поскоро“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, дури и ако Русија претходно не направи никакви отстапки во војната во Украина, покажува анкетата на „Југов“.
Секој четврти испитаник смета дека помошта треба целосно да се укине, додека 24 отсто се залагаат за нејзино намалување.
Околу 30 отсто сакаат таа да остане непроменета, а девет отсто би ја зголемиле, објави „Југов“. Помошта опфаќа финансиска поддршка, испорака на оружје и хуманитарна помош.
Поддршката за Украина е најсилна меѓу гласачите на партијата на Зелените.
Меѓу гласачите на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), мнозинството од 62 отсто сметаат дека помошта треба целосно да се укине, додека 27 отсто се залагаат за нејзино намалување.
Гласачите на конзервативниот блок, Социјалдемократската партија и партијата Левица се наоѓаат некаде меѓу овие ставови.
Резултатите покажуваат дека поддршката за помошта е особено силна кај најмладата возрасна група, од 18 до 29 години, како и кај лицата постари од 70 години.