Регион

Борисов: Се движиме кон диктатура

Велии дека, уште од времето на владата на Симеон Саксобурготски, ГЕРБ е единствената партија што презела конкретни чекори кон европската интеграција на Бугарија, особено во однос на влезот во еврозоната

„Сè уште постои надеж за зачувување на демократијата пред оваа ползечка диктатура што моментално се одвива“. Вака им се обрати лидерот на ГЕРБ на учесниците на партиската Академија за млади политичари во Монтана, пренесува БГНЕС.

Борисов се спротивстави на притисоците за кои тврди дека владејачките структури ги вршат врз општините управувани од други партии. „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да спречиме општините да бидат изложени на уцени преку пристапот ’морков и стап‘. Испраќаат полициски патроли и припадници на Дирекцијата за борба против организираниот криминал (ГДБОП) за да ве прашаат дали планирате да преминете кон ’Прогресивна Бугарија‘. Ве фотографираат со лисици на рацете и ве шетаат наоколу за да ве понижат пред јавноста“, рече тој.

Според него, Бугарите сè уште имаат пари бидејќи БДП на Бугарија пораснал во времето кога ГЕРБ беше на власт.

Борисов изјави дека, уште од времето на владата на Симеон Саксобурготски, ГЕРБ е единствената партија што презела конкретни чекори кон европската интеграција на Бугарија, особено во однос на влезот во еврозоната.

Исто така, беше истакнато дека моменталната ситуација во Црното Море ѝ нанесува огромна штета на Бугарија. „Премиерот Радев продолжува да нема доверба во Владимир Путин и чека докази. Ние остануваме на ставот дека во нашето Црно Море дејствуваат пирати кои потопуваат бродови. Црното Море е прогласено за зона со висок ризик, а ние сега се наоѓаме во неа. Тоа значи дека нашиот поморски транспорт станува исклучително скап поради трошоците за осигурување. Цените растат, а сите – од бродските компании до производителите на жито – трпат загуби“, рече тој.

Најнови вести од: Регион

To top