Македонија

Хајредини досега најпрецизно го дефинираше проблемот со државниот обвинител Коцевски

Потврдата дека искусниот Хајредини знае што зборува се виде во Собранието

Екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини досега најпрецизно го дефинираше актуелниот проблем со државниот обвинител Коцевски.

Додека владата и дел од опозицијата во Собранието изгласаа недоверба за Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија во работата на обвинителството, Хајредини ја дава суштината на проблемот со државниот обвинител.

Според Хајредини постојат мали шанси  Коцевски да прогонува криминал на сегашната опозиција СДСМ и ДУИ која го избра на неговата актуелна позиција државен обвинител кога беше на власт.

 

,,Ретко се случува државниот обвинител да застане во одбрана на криминалот и корупцијата на опозицијата од времето кога била на власт”, пишува Хајредини.

 

Дека искусниот Хајредини знае што зборува потврда е фактот дека за време на гласањето за смена на Коцевски во Собранието на предлог на Левица за негова демисија гласаше и ВМРО-ДПМНЕ додека СДСМ од ДУИ воопшто не гласаа.

 

Пратениците во македонското Собрание на пленарна седница на 29 Јули со 70 гласа „за“, без ниту еден „против“ и „воздржан“, ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.

Одлуката на собранието нема правно дејство и останува на самиот обвинител Коцевски да одлучи дали сам ќе си даде оставка или, пак, на Владата дали ќе продолжи со постапката за разрешување.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top