Фотографија од средбата меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во албанскиот конзулат во Битола привлече внимание во јавноста поради знамињата поставени во просторијата. На објавената фотографија се гледаат знамињата на Албанија и на НАТО, но не и македонското државно знаме.
Рама ја споделил фотографијата на својот профил на Фејсбук, како дел од серијата фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука. Меѓу нив е и фотографија од разговорот со Филипче.
Истата фотографија ја објавил и Агрон Демири, член на Извршниот одбор на СДСМ, но неговата објава била избришана кратко потоа.
Филипче и СДСМ, пак, не ја објавиле средбата на своите официјални профили на социјалните мрежи