Регион

Српски војници во Приштина предизвикаа немир во Косово, но причините за нивно доаѓање не се вознемирувачки

Балканот пак станува Буре Барут или конечно разумот и рационалоста победуваат

Претставници на Војската на Србија и мисијата на НАТО во Косово (КФОР) одржаа редовен состанок во седиштето на КФОР, кампот „Филм сити“ (Филмски град) во Приштина. Разговорите се реализираа во рамките на Заедничката комисија за имплементација (ЗИК), со фокус на координацијата и безбедносната состојба долж административната линија.
Од мисијата на КФОР соопштија дека постојните договори и натаму претставуваат цврста рамка за соработка и координација меѓу двете страни. Во соопштението се нагласува дека преку оваа комисија се одржуваат односи засновани на професионализам и меѓусебно почитување.

„Ваквиот пристап овозможува транспарентна и навремена комуникација за сите прашања поврзани со административната линија и спроведувањето на Воено-техничкиот договор“, наведоа од меѓународната воена мисија.

Оттаму додаваат дека ваквите рутински средби директно придонесуваат за одржување на стабилноста и безбедноста во Косово и поширокиот регион. КФОР повторно ја потврди својата целосна посветеност на непристрасно и професионално извршување на мандатот, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година.

Во официјалната информација не се наведени имињата на офицерите што учествувале на состанокот, ниту пак дополнителни детали за конкретните оперативни точки на дневниот ред.

Оваа средба доаѓа по принципот на реципроцитет, според кој воените претставници на Србија и силите на НАТО редовно одржуваат состаноци на различни нивоа, наизменично во зоните на одговорност на двете страни, со цел спречување на можни инциденти и зачувување на мирот на терен.

,,Српски војници беа забележани во Приштина за првпат по една деценија – глетка што е реткост уште од ослободувањето на Косово во 1999 година.

Фотографијата ја сподели мисијата на НАТО/КФОР, наведувајќи дека нејзините војници одржале заедничка средба со српски војници во Приштина.

Оваа фотографија предизвика критики на Косово, вклучително и од пратеници, кои оценија дека тоа претставува непочитување кон Косово.

Косовските власти сè уште немаат појаснето кој им дал дозвола на српските војници да влезат во Приштина”, пишува Косово Дата.

,,Српски офицери во Приштина? Да. Враќање на српската војска? Сосема спротивно”, објаснува албанскиот аналитичар и добар познавач на Балканот Пал Гишман Хоти кој зборува за ширењето страв околу вчерашната средба меѓу КФОР и претставници на српската војска.

Но, еве што не објаснуваат сензационалистичките наслови, вели Хоти.

,,Средбата се одржа во седиштето на НАТО во Приштина, во рамките на Заедничката комисија за спроведување, формирана со Воено-техничкиот договор од 1999 година.

Се сеќавате ли на тој договор?

Тоа е договорот што следеше по повлекувањето на српската војска од Косово, по интервенцијата на НАТО.

Тој наложува српските сили да добијат изречна согласност од КФОР пред да влезат на Косово. Всушност, тој конкретно предвидува тимови за врска да се сретнат со командантот на КФОР во Приштина.

Токму таков аранжман гледаме денес.

Србија не го вратила воениот авторитет над Косово. Нејзините претставници присуствуваа на состанок во објект под контрола на НАТО, за да разговараат за постоечките безбедносни процедури.

Во меѓувреме, на Косово остануваат околу 4.700 војници од НАТО и партнерските земји, а на располагање се и дополнителни резерви. КФОР продолжува да се координира со Косовската полиција, додека сопствените безбедносни капацитети на Косово се развиваат.

Не е најавено никакво ново распоредување на српската војска, ниту пак пренос на овластувања.

Се разбира, Косово мора да остане будно. Реториката на Белград и провокациите од минатото даваат доволно причини за тоа.

Но, воената реалност е поважна од политичкиот театар.

Србија не „маршираше“ назад во Приштина. Нејзините офицери присуствуваа на состанок во седиштето на НАТО, врз основа на аранжмани што датираат уште од времето на повлекувањето на Србија.

Тоа се две сосема различни работи.

Не мешајте го дипломатскиот пристап со воената контрола.
Србија добива можност за првото. Но, второто? Тоа останува само во доменот на нивните соништа и терапевтски сесии”, пишува албанскиот аналитичар.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Ќе тргнат по мене – за да ме отстранат, убијат, уапсат… (ВИДЕО)

Најави штрајк со глад. при што има намера писмено да им забрани на лекарите да му пружаат медицинска помош, и откри дека ги предупредил членовите на своето семејство да се подготват за најлошото

To top