Македонија Бизнис

УЈП го „чешла“ градежниот сектор – нема веќе пари в плик

На површина испливуваат еден куп фактори кои доведоа до поскапување на становите – повисоки плати, поскап материјал и недоволно локации за градење, со кои ќе се зголеми понудата и ќе се намали цената.

Договори со нереално ниски продажни цени, непријавени работници, разлики меѓу изграденото и пријавените приходи – УЈП го „чешла“ градежниот сектор по предупредувањата дека голем дел од парите во овој бизнис се вртат во кеш. Ризикот по даночната дисциплина во градежништвото, оценет како висок.

На повеќе од 300 компании во чии даночни пријави нешто „не штимало“, УЈП им пратило известувања да си ги коригираат неправилностите. Кај оние кај коишто сомнежите ќе останат, инспекторите ќе извршат директни контроли на деловните книги и ќе следуваат евентуални казни. Целта не се казни, туку да има точно плаќање на даноци, велат од УЈП.

Градежниците ја идентификуваат сивата економија како една од причините за растот на цената на становите. Ако некоја фирма не плаќа данок, може да си дозволи да плати повеќе пари за купување плацови, а ќарот е затаениот данок. Тоа, пак, ја крева цената на парцелите и за оние што ги плаќаат даноците, па тие ја зголемуваат цената на становите.

Законот предвидува дека првиот промет на станови во рок од пет години од изградбата се оданочува со повластена стапка од 5% ДДВ, додека продажбата по тој рок е ослободена од ДДВ, но без право на одбивка на претходно платениот данок.

Од УЈП апелираат градежните компании доброволно да се усогласат со законските прописи за да избегнат казнени мерки и дополнителни контроли, со што, како што нагласуваат, ќе се обезбеди фер конкуренција и заштита на буџетските приходи.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Мицкоски: Народот што ги чува своите корени, јазик и култура секогаш има иднина

На свечената академија присуствуваше македонска владина делегација во која беа и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

To top