Спорт

Ново полуфинале во Куршумлиска Бања за Ѓорческа

Првиот женски рекет на Македонија славеше во два сета над Италијанката Ѕантедески

Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето и на вториот тениски турнир едноподруго во Куршумлиска Бања, Србија, на земјени терени и со награден фонд од 60.000 американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 355. на ВТА-листата во сингл, славеше со 6-4, 6-1 по 1:22 часа игра против Аурора Ѕантедески (313.) од Италија.

Последна пречка на 31-годишната тетовка до финалето, до кое стигна минатата седмица, ќе ѝ биде првата носителка Ралука Георгијана Шерба (223.) од Кипар утре од 10 часот.

Најнови вести од: Спорт

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

To top