Македонија

Македонецот да не се воодушевува од средбата Трамп – Путин, така и нему му ја кројат судбината – апел на новинарот

Историски изгорен од Берлински и Букурешки договори Македонецот е претпазлив и од Аљаскини и Московски договори

Во својот став за средбата Трамп – Путин на Аљаска новинарот и водител Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит апелира до Македонците да не се воодушевуваат затоа што тој смета дека на истиот начин  и нему му се кроела и крои  судбината!

 

Целиот апел на Илиевски:

Следете, анализирајте, учете, извлекувајте заклучоци. Ама не се воодушевувајте ни на Путинчо, ни на Трамп братот, ни на бедотијата на Европа, ни на докажувањето на лековерноста на зеленашите во Украина. Нема ништо воодушевувачко во ова што се случува.

Нема ништо воодушевувачко во средбата на Трамп и Путин во Аљаска. Како што немало ништо воодушевувачко во Јалта. Неколку главатари на салфетка ќе нацртаат милиони судбини и децении со проблеми за сите други, освен за ними, џанам ќе се помали проблеми од оние кои сега постојат, па со самото тоа ќе бидат решение, а не проблеми.

 

Нема ништо воодушевувачко во навивањето за Путин, кој работи за интересот на Русија, по цена на крв. Нема ништо воодушевувачки ни во навивањето за Трамп, кој работи за интересот на Америка, по цена на економијата. Нема ништо воодушевувачки во мизеријата на Европа која соучествуваше во доаѓањето до оваа ситуација, а сега е важна како пешачки во Чаир, ниту пак има нешто воодушевувачки во следењето на мизерноста и малкоста на Зеленски кој седи на страна од масата и чека да види каква коска ќе фрлат оние на масата, откако ќе вечераат.

Нема ништо воодушевувачки во тоа во живо да гледаме како во риалити шоу како се „решава“ кашата која ја зготвиле воените профитери. Бидејќи решението нема да е добро за народот кој бил фрлен во челуста на тие профитери.

 

Нема ништо воодушевувачки, освен идејата дека може да има мир. И некое дете да го гушне повторно својот татко вратен од фронтот, наместо да го испрати во лимен ковчег во земјата која тргнал да ја брани.

 

Нема ништо воодушевувачки народ кој бил делен и пределуван, кој го памти Букурешт, да ликува над туѓите судбини затоа што мизеријата божем е полесна, кога гледаме како ја доживуваат и други.

Воодушевувањето е секогаш со храброста. Никогаш со блесавоста.

 

Тажно ми е сè што гледам, а сепак… се надевам на мир.

 

Нема ништо воодушевувачки во правилата на игра денес, кои се исти како и пред 80, 200, стотици, па и илјадници години во минатото.

 

Следете, анализирајте, учете, извлекувајте заклучоци. Ама не се воодушевувајте ни на Путинчо, ни на Трамп братот, ни на бедотијата на Европа, ни на докажувањето на лековерноста на зеленашите во Украина. Нема ништо воодушевувачко во ова што се случува.

 

Не за тебе, Македонецу, бидејќи и твојата судбина секогаш ја решавале на ваков начин. Само, без тв пренос.

 

(Фејсбук статус на авторот)

 

Поврзани вести

 

Путин му предложи на Трамп: Следна средба во Москва

Најнови вести од: Македонија

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски: Мора да ја ослободиме иднината од етнички тензии, а Македонија да биде постабилна држава, во која ќе се почитуваат различностите!

„Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме“, порачува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор.

Селими: Политичката доктрина „Македонија на Македонците“ е можна опасност за нови тензии во иднина!

„Непишаната политичка и институционална доктрина ‘Македонија на Македонците’, според која државата е исклучива сопственост на еден етникум, беше извор на минатите тензии и останува можна опасност за идни тензии. Охридскиот рамковен договор го запре судирот од 2001 година и ја спаси Македонија да не падне во бездната, овозможувајќи ѝ да остане унитарна држава, а Албанците добија механизми што требаше да им гарантираат вистинско учество во државата: фер и соодветна застапеност.“ – нагласува политичкиот аналитичар Сефер Селими од Скопје во својата колумна со наслов „Македонија на Македонците“: од мир до враќање на судирот“, која ја објави информативната агенција Илирија-ИНА.

Најнови вести

To top