Спорт

ФФМ ја укина котизацијата за второлигашите

За првпат по 15 години, клубовите од македонската Втора фудбалска лига нема да плаќаат котизација за учество во оваа конкуренција.

ffm.mk/kontakt/

За првпат по 15 години, клубовите од македонската Втора фудбалска лига нема да плаќаат котизација за учество во оваа конкуренција.

Фудбалската федерација на Македонија ја донесе оваа одлука четири дена пред почетокот на новата сезона во Втората лига. Со оваа мерка, клубовите се ослободени од вкупна сума од 128.000 евра годишно, што треба да обезбеди директна поддршка и да ја зајакне нивната финансиска стабилност.

Покрај ова, официјално е одлучено Преспа да го заземе местото на Беса, која соопшти дека нема да се натпреварува во Втората лига. Новата сезона во оваа конкуренција започнува на 23 август.

Најнови вести од: Спорт

To top