Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

Додека во САД и другите земји се води борба околу центрите за податоци, Кина гради речиси 90 центри за податоци во Уланкаб, град со помалку од два милиони жители. Евтината електрична енергија, многу простор и брзата изградба ѝ даваат предност, но клучното прашање останува: дали ќе има доволно напредни чипови за да ги опреми сите тие објекти. Уланкаб е град кој се наоѓа на работ на пустината Габи и е оддалечен околу 320 километри од Пекинг. Градот е  поврзан е со оптички кабли, а големите технолошки компании инвестираат во него. Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

Некои веќе се завршени, а други во фаза на изградба. Брзината на изградбата најдобро ја илустрира индустриската зона Бајин, чиј најголем дел е изграден за само две години. Уланкаб е дел од еден од десетте национални кластери на центри за податоци во Кина, а речиси половина од локалната мрежа се напојува со енергија од ветер и сонце. На неколку километри од Индустрискиот парк Бајин, компанијата Envision го доградува кампусот Галакси, комплекс кој покрива површина поголема од 20 фудбалски игралишта ( 120.000 квадратни метри). Во него ќе бидат сместени сервери и чипови од технолошки компании, меѓу другото за обработка на барања од корисници на апликации за вештачка интелигенција.


Envision тврди дека повеќе од 80% од електричната енергија ќе доаѓа директно од неговите ветерници, без да поминува низ јавната мрежа. Енергијата ќе се складира во батерии, а системот за напојување ќе биде прилагоден на потребите на серверот.

Директорот на комплексот, Рики Женг, вели дека студената клима ја намалува потребата од ладење и дека нивниот систем користи индустриски алкохол наместо вода како средство за ладење. Според него, ова е одговорот на проблемот со потрошувачката на вода што ги следи дел од центрите за податоци.

Комплексот се гради во фази, а вкупната планирана моќност е два гигавати. Женг вели и дека првата фаза е веќе целосно резервирана и дека се гради дополнителен капацитет за вештачка интелигенција и услуги во облак. Чиповите и серверите ги купуваат клиентите, кои, вели тој, биле убедени кога нарачувале простор дека ќе имаат доволно опрема.

  • Го дизајниравме ова за следните десет години. Мора да се подготвите за иднината – вели Женг.

Развојот на инфраструктурата за податоци е еден од приоритетите на Пекинг, кој ја смета вештачката интелигенција за важен двигател на растот во земја чија економија забавува, а населението опаѓа. Според официјалните податоци вештачката интелигенција ја користат повеќе од 700 милиони луѓе во Кина. Проширувањето на нејзината примена во производството, индустријата и секојдневниот живот бара огромна компјутерска моќ.

Во септември, Кина презентираше петгодишен план кој предвидува околу 560 милијарди долари инвестиции во информациска инфраструктура, вклучувајќи компјутерски капацитети. Станува збор за поширок план за инфраструктура, а не само за инвестиции во вештачка интелигенција.

„Родиум груп“ проценува дека инвестициите на набљудуваните кинески компании во инфраструктурата за вештачка интелигенција ќе достигнат околу 139 милијарди долари оваа година, приближно двојно повеќе од минатата година. Со ова Кина се обидува да ги стигне САД во трката за вештачка интелигенција. САД веќе имаат 800 милијарди долари инвестиции во американски центри за податоци.

Најнови вести од: Македонија

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

Водичот Мишелин за првпат ќе ја опфати цела Турција – Националниот избор за 2027 година на 3 декември

Гастрономската понуда на Турција ги поврзува богатите регионални традиции со современите кулинарски пристапи. Националниот избор на Водичот Мишелин ќе им овозможи на патниците подобро да ги запознаат и рестораните што го негуваат традиционалното наследство, но и оние што внесуваат нови идеи во турската кујна.

To top