Бизнис

Растат кредитите: Колку милијарди евра должат граѓаните во банките?!

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од  9,8%, а кај станбените 15,3%.

Дел од граѓаните се задолжуваат, а  дел штедат пари на сметка во банка. Податоците на Народната банка покажуваат дека во јули годинава има годишен раст од 13 проценти и на кредитите и на депозитите. Вкупните кредити во домашните банки во јули достигнаа над 8,54 милијарди евра. Граѓаните се задолжени со вкупно 4,3 милијарди евра, а речиси исто толку 4,2 милијарди е задолжувањето преку кредити на компаниите.

  • Депозитите на домаќинствата се зголемени за 1,1% на месечно и 13,3% на годишно ниво, особено кај депозитните пари и долгорочните депозити. Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 0,8% и годишен од 10,4%, при што потрошувачките и станбените кредити бележат најголем пораст. Кредитите и депозитите на корпоративниот сектор исто така се зголемени, со годишен раст на депозитите од 14,5%, а кредитите на корпоративниот сектор бележат пораст од 15,9%, претежно во денари, велат од Народна банка.

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од  9,8%, а кај станбените 15,3%.

Делот на граѓаните во вкупните депозити е 6,76 милијарди евра. Во споредба со јуни повисоки се за 1,1%. Таа промена „во поголем дел се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута, при помал раст и на останатите компоненти“, додаваат од НБРСМ.
Годишната стапка на раст, пак, е 13,3% и произлегува од зголемените депозитни пари, од долгорочните депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и од краткорочните депозити.

Најнови вести од: Бизнис

To top