Хроника

(Фото): Во пожар изгореа 45 сандаци со пчели и една куќа

Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште – истакна Димче Стојкоски, претседател на МЗ село Душогубица.

Силен пожар денес избувна во село Душогубица, Кичевско. Поради сушата, како што објави Нова Македонија, ветерот и конфигурацијата на теренот, огнената стихија брзо се прошири речиси во целото село и се префрли во шумскиот појас над селото, каде сѐ уште е активно жариштето, а најзагрозено е едно бачило, сопственост на жител на Душугубица..

– Во раното претпладне во атарот на село Душогубица, Кичевско, избувна голем шумски пожар. Поради ветерот и големата суша пожарот со голема брзина се ширеше во селото, а го зафати и шумскиот појас во непосредна близина на селото. При овој пожар изгореа 45 сандаци со пчели, една постара куќа среде село и два полски тоалети. Благодарение на брзата интервенција на вработените на Лопушник, ТППЕ Кичево и хеликоптер на МВР, кој во шест наврати истури вода врз опожарената површина, и спречи пожар од поголеми размери, а најголема опасност постоеше за бачилото на еден од селаните каде се наоѓаа над 200 грла овци, оддалечено околу 2 километри од селото. Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште – истакна Димче Стојкоски, претседател на МЗ село Душогубица.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top