Регион

Во Албанија поставена статус на Исус

Иницијативата за статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос.

Тоа е прва ваква статуа во Албанија, јави МИА.

Иако далеку помала по димензии, статуата наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.

Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце.

На церемонијата на инаугурација присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Локалното население и организаторите веруваат дека ова место ќе стане посакувана туристичка дестинација.

Најнови вести од: Регион

Самоопределување пак победник, но Курти тешко дека ќе може сам да состави влада

Со речиси 100 проценти преброени гласови на последните избори во Косово, ажурираните резултати утрово потврдуваат убедлива победа на Движењето Самоопределување, кое води со 42,92% од гласовите, или 297.296 гласови

To top