Хроника

Трагедија во Кичевско на четирицикл загинаа две другарки

Ериона Рамадани и Албина Абази, ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“ во Кичево, загинаа во сообраќајна несреќа со четирицикл во село Колибари, кичевско. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила вчера, 21 август 2025 година, во 18:05 часот. Во ОВР Кичево било пријавено дека 15-годишна малолетничка од село […]

facebook.com/TvGurra

Ериона Рамадани и Албина Абази, ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“ во Кичево, загинаа во сообраќајна несреќа со четирицикл во село Колибари, кичевско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила вчера, 21 август 2025 година, во 18:05 часот. Во ОВР Кичево било пријавено дека 15-годишна малолетничка од село Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот на локален пат во селото.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с. Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево“ велат од полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Поранешниот сопруг е осомничениот за убиството на жената (48) во Скопско – уапсен е нејзиниот поранешен сопруг, а задржани се и тројца негови пријатели

Под сомнежи за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, велат од ОЈО Скопје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена (48) од Таор, информираат од Обвинителството. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Се преземаат дејствија за и целосно расчистување на настанот.

To top