Македонија

Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР!?

За Мемет Жаку велат дека е шеф на кампањата на кандидатот за градоначалник во Чаир

Порталот дознава дека службениот и-мејл и телефонот на извесниот Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за спонзорирање на објава на Фејсбук во полза на Бујар Османи.

Во објава спонзорирана завчера, јасно е напишан мејлот на господинот Жаку и неговиот телефонски број, пишува „Плусинфо“ кој објавува и фотографија од објавата.

За Мемет Жаку велат дека е шеф на кампањата на Бујар Османи, во трката за клучната градоначалничка позиција во скопската општина Чаир.

Плусинфо дознава дека во МНР веќе е реагирано за овој случај и таму се утврдува дали биле злоупотребени службени ресурси.

Порталот додава и дека Мемет Жаку не е „било кој” во МНР и објавува фотографија од форум во НАТО, на која покрај Зоран Заев и Радмила Шеќеринска присуствувал и тој.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top