Свет

Германија во криза , но достигна нов рекорд

Германија во 2024 година забележа нов рекорд во бројот на регистрирани автомобили и стапката на моторизација

freepik.com

Германија во 2024 година забележа нов рекорд во бројот на регистрирани автомобили и стапката на моторизација, според официјалните податоци на статистичка служба Дестатис. Овие бројки ја истакнуваат континуираната тенденција на зголемување на возилата низ целата земја.

Во 2024 година, во Германија се регистрирани 49,3 милиони автомобили, а според податоците на германската статистичка служба Дестатис, земјата достигна рекордна стапка на моторизација од 590 патнички автомобили на 1.000 жители.

Според анализата на германската новинска агенција ДПА, базирана на податоците на Дестатис објавени оваа недела, во 2023 година стапката на моторизација изнесувала 588 автомобили на 1.000 жители, додека во 2022 година била 587 автомобили на 1.000 жители.

Највисока стапка на моторизација е забележана во сојузната покраина Сарланд, со 646 автомобили на 1.000 жители, следена од Рајнска област-Пфалц со 641 и Баварија со 635 автомобили на 1.000 жители.

Најниски стапки на моторизација се регистрирани во сојузните покраини Берлин (334), Бремен (427) и Хамбург (435).

Во споредба со 2023 година, стапката на моторизација порасна во повеќето германски покраини. Во Баварија остана на исто ниво, додека во Берлин, Бремен, Хамбург и Хесен е забележано намалување. Во Хесен, стапката паднала минимално, од 623 на 622 автомобили на 1.000 жители.

Според податоците, стапката на моторизација во Германија континуирано расте од 2008 година.

Вкупниот број на регистрирани патнички автомобили во земјата, исто така, достигна нов рекорд, со 49,3 милиони возила на 1 јануари

Најнови вести од: Свет

Нов удар на Трамп врз Брисел: се зголемуваат за 25 отсто царините за автомобили и камиони од ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 проценти уште од следната недела. Тој го обвини Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор. Овој најнов потег би можел да ги заостри уште повеќе трговските односи меѓу Соединетите Американски Држави и ЕУ, особено во автомобилскиот сектор.

Бардела, можниот кандидат за претседателските избори во Франција во 2027, најави отстранување на знамето на ЕУ од Елисејската палата, ако победи!

„Французите поседуваат вековна сила, способна да го разгори нивниот пламен како народ кога сè изгледа дека тој пламен бледнее. Сега реалноста во Франција е горчлива: по десет години макронизам, нашата земја страда од невидено индустриско и земјоделско распаѓање. “ – порачаа Жордан Бардела и Мари Лепен, лидери на партијата Национално собирање на Франција, на вчерашниот митинг одржан во Париз. Инаку, на 30 април, еден ден пред митингот, Жордан Бардела отворено најави отстранување на знамето на ЕУ од претседателската Елисејска палата и од премиерската резиденција Матињон, ако победи на претседателските избори во 2027 година. Во својата изјава Бардела нагласи дека „Елисејската палата не е обична зграда, туку место со силно историско и симболично значење“. Како што рече, „тоа е дом на францускиот народ“ и „токму затоа верува дека таму треба да се истакнува само француското знаме“. Во меѓувреме, на крајот на годинашниов март, неколку градоначалници од редовите на Националното собирање, избрани на општински избори, веќе ги отстранија знамињата на Европската Унија од своите општински сали.

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

To top