Македонија

Министерот Алиу се сретна со Кедев за наводите „интервенции за профит“

Дали одредени приватни болници се изведувале непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти, информираат од Министерството за здравство

Министерот за здравство, д-р Азир Алиу, денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека во одредени приватни болници се изведувале непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти, информираат од Министерството за здравство.

На средбата, министерот Алиу потсетил дека до сите приватни здравствени установи ќе биде испратен официјален допис, со кој тие се задолжуваат од 15 септември редовно да го информираат Министерството за здравство, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.

Од Министерството нагласуваат дека остануваат отворени за соработка со сите чинители во здравствениот систем и ги повикуваат граѓаните, пациентите и институциите кои располагаат со информации за евентуални неправилности, веднаш да ги пријават.

„Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството за здравство и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот,“ стои во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

To top