Свет

Израелската војска уби новинари на светски агенции при напад во Палестина

Новинарката Мариам Дага од „Асошиејтед прес“, камерманот на „Ројтерс“ Хуам ал-Масри, новинарот Мухамед Саламе од „Ал Џезира“ и фотографот на „Ен-Би-Си“, Муат Абу Таха, денеска загинаа во ираелски напад

Новинарката Мариам Дага од „Асошиејтед прес“, камерманот на „Ројтерс“ Хуам ал-Масри, новинарот Мухамед Саламе од „Ал Џезира“ и фотографот на „Ен-Би-Си“, Муат Абу Таха загинаа во ираелски напад врз болница во јужниот Појас Газа, пренесува „Би-Би-Си“. Во нападот животот го загубиле најмалку 15 лица.

Неколку лица биле убиени во првиот напад, а други во вториот, кој се случил додека спасувачите биле на терен, соопштија од Цивилната одбрана под контрола на Хамас. Израелската војска и кабинетот на премиерот засега немаат коментар.

Kaко што се пренесува, слики од местото на настанот прикажуваат сив чад што излегува од горниот кат каде што е видлива штета, во главната болница во јужна Газа. Надвор, луѓе трчаат и викаат во хаос, додека се слушаат сирени на амбулантни возила. Во едно видео, додека лекар држи облека со крв за да им покаже на новинарите, се случува уште еден напад.

Нападот доаѓа две недели откако шест новинари, меѓу нив четворица од „Ал Џезира“, беа убиени во израелски насочен напад во близина на болницата Ал-Шифа во Газа Сити.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top