Македонија

Притвор за насилниот татко на фудбалерот на „Шкупи“

Лицето ќе биде спроведено во затворот во Куманово, а по скратена постапка ќе следи и судење

Судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип му одреди мерка притвор од осум дена на 43-годишниот А.А. од Скопје, кој во неделата на стадионот „Бело Брдо“ физички нападна двајца малолетни фудбалери за време на младински натпревар меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“.

– Лицето ќе биде спроведено во затворот во Куманово, а по скратена постапка ќе следи и судење – изјави судијата и портпарол на Основниот суд Штип, Сашко Георгиев.

Претходно, Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против осомничениот за кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик, бидејќи со грубо однесување ја загрозил сигурноста на двајца играчи родени 2010 година и предизвикал чувство на страв и несигурност кај публиката.

Инцидентот се случил во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата го исклучил од игра синот на осомничениот. Прво, момчето се однесувало несоодветно, обидувајќи се физички да се пресмета со противнички играч, по што на теренот влегол неговиот татко и со тупаници и клоци ги нападнал двајцата деца од „Брегалница“. Според обвинителството, едното дете се здобило со повеќе набиеници, а другото со скршеница на нос без дислокација.

Ескалацијата на насилството ја спречиле други лица од публиката.

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното вакво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската […]

Опожарен автомобил во Скопје, огнот зафатил уште три други возила

На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице. Од огнот, информира МВР, биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ […]

To top