Македонија

Приведени 11 лица – овозможиле нелегален престој на странци во земјава

Уапсени се 11 лица осомничени за злоупотреба на дозволи за престој на странци во Македонија, во вчерашната полициска акција во која биле извршени претреси на 15 локации, во Скопско, Штип и на граничниот премин Блаце. Други две лица во моментов се недостапни за властите. Според соопштението, 7 од уапсените се полицајци. Обвинителството бара притвор за […]

Уапсени се 11 лица осомничени за злоупотреба на дозволи за престој на странци во Македонија, во вчерашната полициска акција во која биле извршени претреси на 15 локации, во Скопско, Штип и на граничниот премин Блаце.

Други две лица во моментов се недостапни за властите.

Според соопштението, 7 од уапсените се полицајци.

Обвинителството бара притвор за 5 осомничени, додека за уште 8 бара мерки на претпазливост.

„Осомничените, во периодот од јануари до април годинава во Штип, користејќи го своето наводно влијание врз осомничени полицајци од граничниот премин Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои претходно имале пријателски односи, во најмалку четири наврати им овозможиле на најмалку пет странски државјани кои нелегално престојувале во Република Македонија непречено да ги средат своите дозволи за престој.“

Осомничените, во замена за одредена награда, посредувале и преземале дејствија за да обезбедат на турските државјани, чиј рок на престој заради студирање е истечен, да им бидат обезбедени привремени дозволи за престој во Република Македонија. Осомничените полициски службеници, со прифаќање на влијание од посредници за лична корист, ги пречекориле своите службени овластувања и не ја извршиле својата должност.“

„Со оглед на тоа што нелегалниот престој, согласно одредбите од Законот за странци, е прекршок за кој е предвидена глоба од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на Република Северна Македонија“, додава Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

To top