Свет

Цајтел: Без САД нема крај на војната меѓу Украина и Русија

Став

Колку војната во Украина, наметнатите царини од Доналд Трамп ќе го променат светот и на што треба да се навикнеме во иднина? На оваа тема за телевизија Сител говореше членот на економскиот совет на германската конзервативна Демохристијанска унија, ЦДУ, професорот Улрих Цајтел, кој е дојден во посета на Хајделберг Факултет во Скопје, каде што е претседател на Бордот на директори. Тој е дециден дека  приоритет број еден треба да биде ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

„Поминати се повеќе од три години војна меѓу Украина и Русија и тоа е ужасна ситуација. Мислам дека приоритет број 1 треба да биде ставање крај на оваа војна. Оваа војна има огромно влијание не само на луѓето и на тешката ситуација на популацијата, туку и на економската страна и на Европа и на САД“, изјави Цајтел.

Според него, од една страна, само Америка може вистински да влијае врз Русија за да ја запре војната.

„Јас не сум сосема сигурен дека Доналд Трамп сакаше на почетокот на претседателството да ја сопре војната, можеби размислуваше дека Украина е во Европа и дека тоа е европски проблем. Но сега, по состанокот со германскиот и со другите европски лидери во Вашингтон, верувам и уверен сум дека Доналд Трамп разбра дека само заедничко решение поддржано и од Америка и од Европа може да биде клуч за Путин да стави крај на војната“, изјави Цајтел.

Според него, ставањето крај на војната е број еден цел која мораме да се има, но стравува дека тоа не е проблем кој може да се сопре „за една секунда“.

„Првата цел мора да биде сопирање на војната, бомбардирањето, тероризмот, а потоа да се седне на преговори меѓу Русија и Украина. За ова ќе биде потребно време и сигурен сум дека долги години ќе имаме обврска како Европа да ја поддржуваме Украина, независно каков ќе биде исходот од преговорите Ова ќе влијае и на САД, Американците нема да можат да кажат дека ова е европски проблем“, вели Цајтел и додава дека светот е поврзан и не постои можност за изолација.

„САД се најмоќни во светот и мора да ги уверат останатите дека војната не е решение“, изјави тој.

Најнови вести од: Свет

Израел предупредува: Ризик од нови напади по масакрот во Сиднеј

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен

Зеленски нуди компромис: Се откажуваме од членство во НАТО!

Украина се откажа од својата амбиција да се приклучи на воениот сојуз на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег означува голема промена за Украина, која се бореше да се приклучи на НАТО како […]

To top