Бизнис

И тие не се ништо подобри од Македонија, им требаат две просечни плати за основна живејачка

Синдикатите предлагаат воведување дополнителни механизми за заштита, вклучувајќи контрола на цените за основните производи, зголемена конкуренција и враќање на стоковните резерви.

Grocery Shopping. Closeup of unrecognizable male customer holding cart basket full of food and choosing fresh eco vegetables, taking it from shelf. Young man buying healthy products in the mall

Две просечни плати се потребни за основни трошоци за живот на семејство во Црна Гора. Локалниот Центар за образование, информации и синдикални истражувања (CEISI) денеска ги објави податоците. Вредноста на основната потрошувачка кошничка е 2.010 евра, но дури 70 проценти од домаќинствата имаат приходи под овој износ, предупредува Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG).

Најголемиот трошок во потрошувачката кошничка е сè уште храната, со издвојувања од 630 евра за четиричлено семејство, што е зголемување од 2,44 проценти во споредба со првиот квартал од 2025 година, објавува RTCG. USSCG истакнува дека повеќе од 100.000 вработени во Црна Гора примаат плата до 800 евра, вклучувајќи 30.896 работници кои примаат минимална плата.

Синдикатите предлагаат воведување дополнителни механизми за заштита, вклучувајќи контрола на цените за основните производи, зголемена конкуренција и враќање на стоковните резерви.

Економскиот аналитичар Предраг Зечевиќ вели дека зголемувањето на цените е предизвикано од однесувањето на локалните производители и трговци, кои нереално ги зголемуваат цените на производите и услугите. Слично мислење има и експертот Василије Костиќ, кој предупредува дека номиналниот раст на платите и пензиите во Црна Гора не е придружен со пад на куповната моќ на граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустријан ерлајнс“, со што официјално почна да функционира новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

To top