Македонија

Куп ѓубре на Матка за Голема Богородица – Зошто Општина Сарај не го чисти барем за празник?!

За празникот Голема Богородица, не само што се чистело ѓубрето, туку се кастреле и гранките на дрвјата долж патот. Општина Сарај, која е надлежна за одржување на чистотата во Долна Матка, треба да одговори зошто Матка не е исчистена за големиот празник на селото, реаагира населението.

За празникот Голема Богородица, Матка ги пречека гостите со купишта ѓубре. На кривината кога се влегува во Долна Матка, каде што е поставен само еден контејнер, ѓубрето е расфрлано и растурено на речиси половина улица и возилата мора да го заобиколуваат, објави Плусинфо.

– Утрово рано стасав во Долна Матка, каде што имаме викендичка, за да ја избегнам гужвата, која за овој празник е голема, бидејќи Голема Богородица е празник на селото. За жал, на самата кривина на влезот во Долна Матка ме пречека поразителна глетка. Сето ѓубре беше растурено на самата улица и возилата мораа да го заобиколуваат. Навистина, срамота за комуналното претпријатие на Општина Сарај, каде редовно месечно плаќаме по 300 денари за ѓубретарина – вели сопственичка на викендичка во Матка.

Жителите на Матка сведочат дека до пред некој месец на таа локација имало два контејнера, а сега е само еден.

– Никогаш контејнерите не се празнеле на дневна основа. Не ни знаеме во кој ден од неделата ги празнат. Во цела Долна Матка на улицата која не е подолга од еден километар има само 5 контејнери. На овој дел од селото се сконцентрирани поголемиот дел од куќите и викендичките. За разлика од состојбата во Долна Матка, во соседното село Глумово, комуналното претпријатие два пати неделно го собира сметот од пред куќите на жителите – вели С. Т., жител на Матка.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Понекогаш е непријатно летањето со старото владино „авионче на браќата Рајт“!

„Владиното авионче моите колеги-претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро’.“ – рече денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во одговор на поставено новинарско прашање.

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top