Македонија

Апасиев наскоро на суд за навреда и клеветење на умрена мајка

Ја ставал во уста а знаел дека е покојна

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во Септември го очекува судење за навреди и клевети што ги упатил кон покојна адвокатка.

Ова го открива адвокатот Јанаки Митровски чија мајка, сега почината, била предмет на ,,бљувотини” како што клеветите и навредите упатени кон неа ги нарекува синот кој ја покренал тужбата.

Митровски вели дека семејството не треба да биде жртва на вербални напади кога се напаѓаат политичари или јавни личности.

,,Секогаш сум бил против мешање семејства во политика. Ако имам нешто против Мицко, Венко, Димитар или Али имам против нив не против жена, сестра, мајка, син.

Е сега Димитар Апасиев ја ставаше мајка ми во уста, иако знаеше дека е покојна, Чиз психијатарскиот случај лупаше бљувотини за жена ми по фејсбук. Ама за своето боли а?

Септември сме на суд за бљувотините на Димитар, каде ќе се сокрие?”, прашува Митровски користејќи го хаштагот #Лицемерие.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top