Регион

Додик: Протестите го оневозможија Белград да биде главен град на мировните преговори во Украина

Можноста Белград да стане центар за мировни преговори за Украина пропадна поради протестите на улиците, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

facebook.com/mdodik.official

Можноста Белград да стане центар за мировни преговори за Украина пропадна поради протестите на улиците, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

„Добро сум информиран за ова. Се водеа сериозни разговори за Белград да биде едно од местата каде светските лидери би се сретнале за глобални дискусии. Сега тоа е речиси невозможно. Како би дошле светските лидери во град каде не се знае која улица е блокирана? Тоа е резултатот што го имаме“, изјави Додик. Тој додаде дека наместо силно лидерство од Александар Вучиќ, кој би го зацврстил угледот на земјата, сега има само нестабилност предизвикана од оние што протестираат.

„И што постигнуваме со тоа? Србија сега се препознава само по уличните протести, ништо повеќе. Зошто ни го правите ова ? “, изјави Милорад Додик.

Најнови вести од: Регион

Грчка полиција со необележани возила „ќе лови“ сообраќајни прекршоци

На овој начин ќе се откриваат возачи кои ја надминуваат дозволената брзина, опасно претекнуваат, користат мобилен телефон додека возат или учествуваат во нелегални улични трки, без да бидат свесни дека полицијата ги следи

Рама: Урсула да не ги заборави „децата“ кои бараат влез во ЕУ

Албанскиот премиер рече дека „децата на Урсула“ се седумте кандидати кои активно преговараат за членство во ЕУ, имено Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија

Кривична пријава против Еди Рама и Бленди Гонџе за издвоените пари за концерт

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

To top