Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Во време кога Филипче беше министер за здравство имаше низа скандали и злоупотреби во здравството а самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека тој убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија. „Додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од […]

„Додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија, но дали и зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија“, прашуваат од владејачката партија

Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои  „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото.

Дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека се крадела па дури и завршувала на црниот пазар во Косово?

Зошто омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, дозволил системски хаос и непочитување на шеесетина законски одредби.

Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот.

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС, со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

„Не“ за европски арбитри да го сечат со „бугарски секири“ македонскиот „идентитетски јазол“

Идентитетот, јазикот, културата и историјата на македонскиот народ не може да се „распостилаат“ како крпи на нечија „европска маса“, па да се „арбитрира“ за нив и да се донесува „решение“ според „бугарски терк“: „њама Македонци“, „њама македонски език“.

Заев и Димова доделиле проекти за медиумска писменост на фризерско студио

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски,изјави дека фризерница добила проекти за медиумска писменост преку програмата „Еразмус+“ во вредност од над 270 илјади евра за време на мандатот на Зоран Заев.

Од сабота почнува увид во Избирачкиот список за локалните избори

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК

Претседателот на Собранието на Македонија Гаши на средба со премиерот на Косово Курти: разгледани „стратегиските проекти, кои ги поврзуваат двете земји“

Средбата, означена како пријателска, беше оценета како позитивен чекор кон продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, со насоченост на конкретни проекти и регионалната координација.

To top