Македонија

Најновиот ,,панаѓур” во МАНУ пред еден месец го предвидел наследникот на Марко Цепенков

Кој реално владее со МАНУ додека академијата ја тресе еден од најголемите скандали во историјата

Наследникот на легендарниот собирач на македонски умотворби Марко Цепенков пред еден месец го најави најновиот скандал во Македонската академија за науки и уметности за кој молчат најмоќните академици Владо Камбовски и Таки Фити.

Како легендарниот Марко Китевски да знаел дека во ,,режија” на двајца моќници МАНУ ќе исфрли од финално гласање за нови членови светски признат научник како археологот Драги Митревски а ќе ја ,,протнат” професорката Гордана Лажетиќ Бужаровска која според Google scholar по научни критериуми не му е ни до колена на професорот зад кој стои целиот Филозофски факултет.

Столбот на македонската фолклористика Марко Китевски на крајот на Јули со право удри по научниот ,,Бит Пазар” како што тој ја нарекува Македонската академија на науките и уметностите.

Човекот кој има добиено огромен број награди за своето монументално дело и кој над половина век издава книги, собира народни умотворби смета дека МАНУ во кој нема ниту еден фолклорист е пазар каде се лобира и се врши трговија но не се наградува или поддржува науката.

 

За Китески кој од непознати причини не е акадмик иако науката го смета за единствен наследник на легендарниот Марко Цепенков, МАНУ е обичен панаѓур.

Една недела откако expres.mk го обелодени скандалот со исфрлање на еминентниот научник Драги Митревски од можност да стане акадмик молчат и МАНУ и академиците Владо Камбовски и Таки Фити.

Токму тие според нивни колеги се режисери на скандалот кој донесе огромен резил на националната академија затоа што меѓу другото го урна ,,Мерит системот”, принцип на заслуги и вредности.

Откако повеќе други членови на МАНУ одговорија на пораките од Expres.mk, порталот се уште очекува одговори на прашањата за скандалот упатени до Камбовски и Фити кои треба да одговорат на повеќе прашања за скандалот кој ја тресе МАНУ.

Серијата написи за скандалот во МАНУ досега ја прочитале стотици илјади луѓе од кои десетици поврзани со академијата реагираа до expres.mk со свои искуства, сознанија и информации.

Од овие сознанија се потврдуваат сомнежот за ,,трговска компанија”  што го наметнува професорот Китевски но и индициите дека МАНУ е под контрола на ,,интелектуална мафија” која владее со националната академија водејќи се од лични интереси.

Фактот што кандидатката Гордана Лажетиќ Бужаровска која поминала на Одделението за општествени науки е блиска на најмоќниот член академик Камбовски и доаѓа од неговата катедра на Правниот факултет во Скопје а пишувала научни студии во чест на Камбовски е само врв на сантата мраз која expres.mk ќе ја ,,одмрзнува” до крај.

Молкот на претседателот на МАНУ Живко Попов може да се толкува и како индиректно признание  уште еден сомнеж дека тој можеби не е де факто прв човек на националната академија туку само формален претседател.

Според многумина во МАНУ и блиску до неа, академијата реално ја водат вечните и моќни Владо Камбовски и Таки Фити кои не владеат само со МАНУ туку последниве 35 години и со македонското правосудство и економија во чии реформи тие се секогаш инволвирани.

А каква МАНУ, какво правосудство и каква економија има Македонија знаеме сите.

Истражувачки тим на expres.mk

За поврзани вести кликни

Тука

Тука

Тука

Тука

Тука

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top