Македонија Бизнис

Кога ќе биде готова новата фабрика на „Џагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје 1?!

Според последните податоци на Народната Банка минатата година завршила со рекордно нивно на странски инвестиции од 1 милијарда и 250 милиони евра. Последниот квартал бил најдобар кога вложувањата достигнале 400 милиони евра. Дека тоа е добра вест, зборува и најавата на новата странска инвестиција која го шири својот капитал. Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе […]

Според последните податоци на Народната Банка минатата година завршила со рекордно нивно на странски инвестиции од 1 милијарда и 250 милиони евра. Последниот квартал бил најдобар кога вложувањата достигнале 400 милиони евра. Дека тоа е добра вест, зборува и најавата на новата странска инвестиција која го шири својот капитал.

Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања, соопшти Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони. Оваа нова фабрика која ќе биде двојно поголема од постоечката, освен што ќе отвори нови работни места наскоро, истата ќе донесе и нови технологии, што всушност се должи на подобрениот пристап од страна на новата влада, се вели во соопштението.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски во Истанбул ја посети компанијата и оствари средба со Ахмет Шемшетин Короглу, претседател на одборот. Toj посочи дека оваа инвестиција, која беше најавена во јули минатата година, е доказ за довербата на странските инвеститори во стабилната економска клима и поддршката што ја нуди државата. Тој истакна дека како институција во соработка со Владата, Дирекцијата за ТИРЗ ќе продолжи и понатаму со активна и транспарентна поддршка на сите странски инвеститори.

Од страна на менаџментот беше изразена благодарност за поддршката од Дирекцијата, како еден од клучните фактори за проширувањето на оваа инвестиција која ќе донесе додадена вредност во националната економија.

По најавеното проширување во јули минатата година, оваа втора фаза на инвестирање од страна на Џагатај Кабло значи многу поголема доверба во владата и системот, кој според нив работи многу добро.

Инаку, Џагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила, се вели во соопштението до медиумите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Засилени контроли во маркетите, ако има раст на маржите ќе се преземат мерки

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сега нема девијантно однесување од трговците со зголемување на маржите, а цените на храната растат, бидејќи производите ги увезуваме. И покрај тоа што по 1 мај требаше да бидат донесени мерки за спречување на растот на цените на прехранбените производи, тоа сè уште е во потготовка. Барем за сега, состојбата е стабилизирана.

To top