Македонија

Следното лето ќе имаме уште три ер трактори и тројца пилоти

Три ертрактори и тројца пилоти ќе бидат активни за наредното лето во справување со евентуални пожари. Во ноември годинава уште тројца пилоти за овие летала ќе бидат испратени на обука, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Пет-шест лица изразиле интерес за пилоти на овие летала и со нив дополнително ќе се […]

Три ертрактори и тројца пилоти ќе бидат активни за наредното лето во справување со евентуални пожари. Во ноември годинава уште тројца пилоти за овие летала ќе бидат испратени на обука, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Пет-шест лица изразиле интерес за пилоти на овие летала и со нив дополнително ќе се разговара.
Во наредниот период ќе се состанам внимателно со сите нив, се работи за искусни луѓе, и би рекол дека имаат потенцијал лесно да ја завршат обуката, истакна Ангелов во интервју на ТВ Канал 5.

Според него, интересот за ова работно место во ДЗС се зголемил благодарение на зголемените плати во авиоодделението на Дирекцијата.

Кога дојдов на позицијата директор на ДЗС првата работа што ја направив, побарав двојно зголемување на платата на сите вработени во авиоделението. Кога зборувам „сите“, мислам на 12 лица, да не мислите дека таму има 100 луѓе и нивната плата е двојно зголемена. Двојно е зголемена платата и на единствениот пилот на ертрактор, професионално вработен во Дирекцијата, и сега тој е изедначен со платите на пилотите на хеликоптери во полицијата и во армијата – појасни Ангелов.

Ангелов кој воедно е и претседател на Достоинство, прашан за законот за бранители рече дека посегнувањето по темата за бранителите во овој момент, ќе биде во корист на ДУИ односно на криминогените структури во партијата.

– Наша цела како Влада и претходно како коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше елиминација на криминогените структури во ДУИ, за кои што многу се зборуваше во јавноста. Овде не зборувам за целата партија, зборуваме за некои личности, за кои што има и отворени постапки, и во овој момент, нашата цела е да не се дозволи да воскреснат таквите криминогени структури. Затоа и ние треба да бидеме внимателни во овој период. Секое посегнување по оваа тема носи политичка корист на ДУИ. Мојот став како политичар, како председател на Достоинство, како неформален лидер на дел од македонските бранители, е да се стрпиме да завршат локалните избори – истакна Ангелов и нагласи дека после изборите верува дека ќе има значајно поместување напред.

Според Ангелов законот кој беше предложен во времето на поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска не е добар бидејќи се однесува само за 15 семејства кои не биле обесштетени и дека потребно е со законот да ги опфати и не повредените бранители.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

To top