Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Администраторите ги преземаат надлежностите на управните органи на Алта Банка. Со решение на Извршниот одбор на Народната банка, објавено во „Службен весник“ на 1 ноември, се воведува администрација врз „Алта банка“ АД Битола од страна на Централната банка, поради околности кои, како што се наведува во решението, можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност. Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што практично управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Тројцата администратори имаат еднакви овластувања, но решението предвидува Илија Андовски да биде лицето кое ќе ги потпишува одлуките донесени во рамките на администрацијата.

Илија Андовски е долгогодишен кадар на Народната банка и банкарски експерт. Според податоци за вработените во Народната банка од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Со именувањето на администраторите, досегашните органи на управување и надзор во банката ги губат своите надлежности во корист на лицата назначени од Народната банка. Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот одбор, Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери, со исклучок на одлучувањето за зголемување на капиталот на банката.

Решението предвидува и можност за вклучување на Министерството за внатрешни работи, односно полицијата, доколку администраторите бидат спречени да влезат во деловните простории или доколку некој го попречува извршувањето на нивните надлежности. Една од првите обврски на тројцата администратори ќе биде да ја утврдат целокупната состојба во „Алта банка“. За тоа имаат рок од 21 ден од денот на нивното именување, по што треба да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка.

Администрацијата е воведена за период од три месеци, сметано од денот кога решението ќе ѝ биде доставено на банката. Во текот на овој период, администраторите ќе мора да работат според законите и писмените упатства и насоки на Извршниот одбор на Народната банка.

Претходмо, гувернерот Трајко Славески рече дека тим од седуммина врабоотени е одреден за работењето на Алта банка Битола и дека сопственикот од Белград бил известен да ги стави акциите на продажба или во спротивно централната банка ќе ги понуди на аукција, сметајќи дека има заинтересирани лица за купување.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

To top