Македонија

Мицкоски: Итреците од СДСМ и ДУИ веќе имаа декларација во Собранието дека нема да ги прифаќаат ултиматумите од Софија, но сепак сѐ им прифатија!

„На граѓаните и на Македонија им треба јасна политика и јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели. Ние, како влада, имаме иднина, која што е иднина на развој, на реформи на градба.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратко паметење. Тие веќе имаа таква декларација во Собранието, да не ги прифаќаат ултиматумите на Софија. Но прифатија се. Уште поназад во времето тие имаа декларација дека нема да се промени уставното име но… Имаше декларација во Парламентот кога немаше да има промена на името на државата, изгласана пратениците на СДСМ од пратениците. Меѓутоа знаете се што правеше СДСМ кога дојде во Владата и што се се случуваше кога се менуваше името на државата: прво ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а кога беше неуспешен не ги почитуваа. Видовме итреците седум години што и направија и на државата и на граѓаните, видовме каде стигнавме.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за декларација во Собранието за евроинтеграциите и прекинување на преговорите со ЕУ, ако Република Македониј добие ново вето од Бугарија.

Според премиерот Мицкоски, остануваат само предавството, криминалот и неколкумина поранешни членови во Владата на СДСМ и ДУИ, кои се ултрамилионери. „На граѓаните и на Македонија им треба јасна политика и јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување на нашите аргументи… Нашата позиција како Влада ја знаете. Тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, кое е поразено. Ова е работа, што треба да ја водат сериозни луѓе со јасна визија и стратегија. Ова не е игра на итроштини. Ние како влада имаме иднина, која што е иднина на развој, на реформи на градба.“ – посочи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top