Македонија

40 години „Бушава азбука“

По повод 40-годишнината од првото емитување на легендарната детска серија „Бушава азбука“, денес во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура.

По повод 40-годишнината од првото емитување на легендарната детска серија „Бушава азбука“, денес во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој симбол на македонската детска култура. Оваа манифестација го означува почетокот на јубилејната прослава и најавува нови содржини за најмладите, соопштија организаторите.

„‘Бушава азбука’ е многу повеќе од обична емисија – таа е дел од нашето културно наследство што може да се обновува и да се враќа одново. Генерациите што пораснаа со неа сега се родители и гледаат можност преку неа да ги едуцираат и забавуваат своите деца. Јас, практично, остарев со ‘Бушава азбука’ – 40 години се сериозна возраст за телевизиска содржина. Таа можеби не е толку модерна како некогаш, но сè уште е значајна“, изјави режисерот Слободан Унковски.

На настанот ќе биде прикажана и премиерата на шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“, која претставува продолжение на „Бушава азбука“. Унковски за „Буквождер“ вели дека е „премостување меѓу минатото и иднината“,м нудејќи нов пристап кон буквите и јазикот.

„Среќен сум што се појавува ‘Буквождер’. Сепак, вистинското продолжение на ‘Бушава азбука’ ќе биде кога ќе се реализира ‘Бушав буквар’, вториот дел, кој веќе го напишаа Горан Стефановски и Маријан Алчевски. Се надевам дека еден ден ќе се развие свест за потребата од ова за да го зачуваме и унапредиме нашиот јазик“, порача Унковски.

Организаторите на прославата нагласуваат дека негувањето и унапредувањето на мајчиниот јазик, како и создавањето квалитетни образовно-забавни програми за новите генерации, се од суштинско значење.

Најнови вести од: Македонија

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

To top