Македонија Бизнис

Се повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија, ќе мора да инсталираат и батерии за складирање

Кризата во 2022 година и растот на цените за електрична енергија поттикнаа голем бум на полето на инвестиции во капацитети за добивање струја од обновливи извори, објави Фактор. Трендот на инвестирање во изградба на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија кој започна со енергетската криза во 2022 година, продолжи и во 2023 годинаи во […]

Кризата во 2022 година и растот на цените за електрична енергија поттикнаа голем бум на полето на инвестиции во капацитети за добивање струја од обновливи извори, објави Фактор. Трендот на инвестирање во изградба на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија кој започна со енергетската криза во 2022 година, продолжи и во 2023 годинаи во 2024 година.

  • Во 2022 година се изградија 272 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија со инсталирана моќност од 151 MW– мегавати. Во 2023 година се изградени скоро двојно повеќе, односно изградени и пуштени во употреба се 531 нови електроцентрали со инсталирана моќност од 365 MW– мегавати. Додека во 2024 година изградени се и пуштени во употреба 349 нови електроцентрали со инсталирана моќност од 351,3 MW – се посочува во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика.

Вкупниот број на електроцентрали од обновливи извори заклучно со 2024 година изнесува 1.494 со вкупна инсталирана моќност од 1.663 MW(мегавати), што претставува скоро 56 отсто од вкупната инсталирана моќност на територијата на државата.

  • Како и изминатите две години така и во 2024 година, најголем дел од новоизградените електроцентрали се фотонапонски односно 345 со вкупна инсталирана моќност од 341,5 MW, потоа следат малите хидроелектроцентрали со инсталирана моќност од 0,23 MW, една термоелектроцентрала на биогас со инсталирана моќност од 2 MW и една ветерна електроцентрала со инсталирана моќност од 9,6 MW – се посочува во нивниот годишен извештај.

Од регулаторната комисија потенцираат дека инвестирањето во производни капацитети кои користат обновливи извори на енергија овозможи значителна промена во структурата на домашното производство.

  • Во последните четири години, 2021, 2022, 2023 и 2024 година се изградени вкупно 1.201 нова електроцентрала. За споредба, заклучно со 2020 година вкупниот број на електроцентрали изнесувал 303, од кои 295 се обновливи извори на енергија, а останатите осум се термоелектроцентрали и когенеративни постројки. Учеството на термоелектроцентралите во вкупниот инсталиран капацитет од 49 отсто во 2020 година се намали на 34,65 проценти во 2024 година, што е резултат на големиот број на нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија. Учеството на обновливи извори во вкупниот инсталиран капацитет во 2020 година изнесува 37отсто, додека во 2024 година изнесува 55,72 проценти – се потенцира во извештајот.

Притоа се посочува дека зголемениот инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија придонесе за зголемено производството на електрична енергија. Бројот на електроцентрали од обновливи извори е зголемен за 30 отсто во 2024 во однос на 2023 година, нивниот инсталиран капацитет е зголемен за речиси 27 проценти, додека производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија е зголемено за 16 отсто.

  • Во 2023 година се произведени 298 GWh – гигаватчаса електрична енергија, додека во 2024 година производството од овој тип на електроцентрали изнесува 853 GWh – гигаватчаса, што претставува пораст од 186 проценти – се потенцира во извештајот.

Министерката за енергетика, Соња Божиновска, деновиве пак посочи дека зголемениот интерес и растот на добиената енергија од обновливи извори не е причина да се намали интересот за инвестиции во базна енергија, но воедно и потенцираше дека во иднина ќе мора да се инвестира и во батерии за складирање на енергија.

  • Обновливата енергија е одлична, но ја има само кога има сонце или ветер. Нам ни треба базна енергија и во зима и навечер. Затоа со новиот Закон за обновливи извори ќе воведеме обврска сите нови објекти да имаат минимум 20 отсто капацитет во батерии. Тоа е системски пристап, не само инвестиции без план – потенцираше Божиновска и дополни дека со новите политики и пристапи, Министерството за енергетика планира да создаде одржлив, стабилен и пред сè државен енергетски систем што ќе биде темел за економски развој и сигурност во следните децении.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Најнови вести

To top