Македонија

Азир Алиу не знае дали ќе биде иден министер за здравство

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците што останува во коалицијата „ВРЕДИ“, Азир Алиу, вчера изјави дека сè уште немало дискусија за тоа дали тој ќе биде новиот министер за здравство. Неколку медиуми го споменаа неговото име во последните денови како можен кандидат за министер за здравство, откако Арбен […]

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците што останува во коалицијата „ВРЕДИ“, Азир Алиу, вчера изјави дека сè уште немало дискусија за тоа дали тој ќе биде новиот министер за здравство.

Неколку медиуми го споменаа неговото име во последните денови како можен кандидат за министер за здравство, откако Арбен Таравари ја напушти владината коалиција по одлуката на Претседателството на Алијансата за Албанците да оди во опозиција и со свои листи на советници на претстојните локални избори.

„Сè уште не сме разговарале на оваа тема. Можеби овие денови, бидејќи бевме многу активни во овој период. Граѓанинот секогаш го има последниот збор и ние бевме на терен да се консултираме со нив во врска со хаосот што се случува во нашата партија“, рече Алиу.

Најнови вести од: Македонија

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

Најнови вести

To top