Македонија

Мицкоски: Дизелот може да поевтини уште денеска

Тој ја потврди информацијата за можен договор со Окта за 2 денари попуст

Ако Владата се договори со Окта, можно е дизелот денеска да поевтини.
Информацијата за можен договор со Окта за 2 денари попуст денеска ја потврди премиерот Мицкоски.
„Да, во преговори сме, и мислам дека сме многу блиску до договор за 2 денари попуст“ – рече денеска Мицкоски кој беше во посета на општината Чешиново- Облешево.

„Денеска имаме владина седница и продолжуваат преговорите со снабдувачот  ОКТА за дополнителен попуст. Мислам дека сме блиску до постигнување решение за дополнителни два денари по литар да имаме барем кај дизелот- намалување на цената“, зјави Мицкоски.

Тој истакна дека како Влада ќе продолжат со истата политика за цената на горивата.

„Кај нас влијаат тековите кои што се на светските берзи. Но, факт е дека Владата, за разлика од сите влади во Европа, најмалку зафаќа во делот на данокот на додадена вредност и акцизата и затоа денес граѓаните имаат најниски цени во Европа кога станува збор за дизел горивото и безоловниот. Веќе имаме држави во Европа каде што дизел горивото и безоловниот се продаваат над 3 евра, 3,2, 3,3 па дури и 3,5 евра по литар, а кај нас и дизел горивото и безоловниот 95 октански се под 1,6 евроценти за литар и е најниска цена во Европа.

И ние ќе продолжиме со таа политика“,  рече Мицкоски.

Ако Владата успее да договори попуст со Окта, тогаш дизелот би можел утре да има пониска цена од оние 97 денари по кои се точи денеска

Најнови вести од: Македонија

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top