Свет

Светската трговија достигна најниско ниво во последните 80 години

Генералната директорка на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, предупреди дека обемот на трговијата што се одвива според правилата на организацијата, паднал на најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви услови, уделот на трговијата што ги следи прописите на организацијата опадна од 80 на 72 проценти, што е најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

Според организацијата, меѓународниот трговски систем се темели на принципот „најповолна нација“, според кој најповолниот пристап до пазарот на одредена земја треба автоматски да важи за сите други, како што е наведено на веб-страницата на организацијата.

„Сведоци сме на најголемото нарушување на прописите за светска трговија, без преседан во последните 80 години“, рече Нгози Оконџо-Ивеала во интервју за Ројтерс на почетокот на нејзиниот втор мандат на чело на организацијата.

„Затоа, не е изненадувачки што некои го доведуваат во прашање глобалниот трговски систем“, додаде шефицата на организацијата, нагласувајќи дека повеќе од половина од размената сè уште ги следи регулативите.

„Сè уште сме далеку од 50 проценти“, заклучи таа.

Во 2026 година последиците од нарушувањето би можеле да бидат поизразени, бидејќи бранот нарачки од првата половина од оваа година слабее, предупредува таа. На почетокот на август, организацијата ја зголеми својата проценка за растот на светската трговија оваа година од 0,2 на 0,9 проценти, истакнувајќи ги подобрените макроекономски услови и скокот на нарачките од компаниите во САД кои се обидоа да ги превенираат најавените тарифи.

„Светската трговија покажа отпорност на голем број шокови, вклучително и неодамнешните зголемувања на тарифите“, рече Оконџо-Ивеала.

Во 2024 година, обемот на размена се зголеми за 2,9 проценти.

Најнови вести од: Свет

Русија и Кина бараат одложување: Санкции против Иран неизбежни

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) денеска ќе гласа за нацрт-резолуција за иранското нуклеарно прашање, пред истекот на рокот за „snapback“ (повторно воведување) на санкциите против Техеран на 27 септември.

Предлог Тони Блер да ја предводи преодната влада во Газа

Експремиерот, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се планира иднината на палестинските територии по конфликтот.

Најнови вести

To top