Македонија

Варади: Македонскиот пазар е еден од најважните во Западен Балкан, а Скопје база за постојан раст

Го зајакнуваме присуството на „Виз Ер“ во Македонија изјави Јожеф Варади

mia.mk

Го зајакнуваме присуството на „Виз Ер“ во Македонија со зголемување на флотата со шести авион во Скопје и 13 нови рути на нашата веќе широка мрежа, инвестирајќи истовремено во професионалниот развој на младата работна сила – вели Јожеф Варади, извршен директор на „Виз Ер“, во интервју за МИА.

Варади истакнува дека со ова се создаваат можности за нови авиолинии, зголемување на фреквенциите на популарни дестинации и поголем избор за патниците по ниски цени. Со шестиот авион се лансираат нови рути од Скопје до Бари, Неапол, Будимпешта, Келн, Штутгарт, Ларнака, Мадрид, Прага и Стокхолм, како и четири нови рути од Охрид до Базел, Милано, Катовице и Вроцлав.

Македонскиот пазар, според него, е еден од најважните во Западен Балкан, а Скопје останува база за постојан раст.

-Со нудење опции за патување со ниски цени им олеснуваме на туристите да ја посетат Северна Македонија и да ги откријат нејзините природни убавини, култура и гостопримство – нагласува Варади.

Тој ги посочува придобивките од зголемени приходи од туризмот, поттикнување на деловните врски, јакнење на интеграцијата со Европа и отворање нови локални работни места за кабински персонал, пилоти и инженери.

Варади и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера најавија уште пет авиолинии до Скопје и Охрид, зголемување на флотата со уште еден авион на аеродромот во Скопје и дополнителни 100 вработувања, со што бројот на локални кадри во компанијата ќе достигне 300.

Од летната сезона 2026, аеродромот во Скопје првпат ќе се поврзе со Неапол, а повторно се враќа линијата до Будимпешта. Аеродромот во Охрид добива директни летови до Милано Малпенза и Вроцлав, како и враќање на рутата до Катовице.

Летовите од Скопје до Неапол и Будимпешта ќе започнат на 30 март 2026 година, три пати неделно (понеделник, среда и петок). Од Охрид до Милано Малпенза летовите исто така стартуваат на 30 март, до Вроцлав на 7 јуни, а до Катовице на 8 јуни.

„Виз Ер“ е корисник на државни субвенции од 2012 година. Годинава компанијата најави нови рути од двата македонски аеродрома до Стокхолм и Мадрид од 2 ноември, до Келн, Бари и Прага од 20 декември, како и до Ларнака од 30 октомври.

Најнови вести од: Македонија

Мечка на сред улица – надлежните предупредуваат да не се провоцира

Ова се случува во есен, кога животните, особено мечките, интензивно бараат храна за да се подготват за зимскиот период. Како пример наведуваат конкретен настан од пред неколку дена, кога возрасна мечка била забележана ноќе на главниот булевар во градот. Според ловците, ова не е само редок инцидент туку сериозна ситуација, затоа што мечката се движела низ урбана зона, каде може да дојде во директен контакт со луѓе.

(Фото): Наврнаа 55 литри дожд – обилните врнежи продолжуваат во Македонија, до кога?!

Од следната недела ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нови врнежи повторно се очекуваат во петок кон крајот на денот.

Рамадани: Не ја давам општина Брвеница по ниедна цена, ќе го заштитам секој нејзин жител?!

Се наметнува голема дилема: кому Хаќим Рамадани „нема да му ја даде општина Брвеница по ниедна цена“, од кого и за кого „ќе го заштител секој нејзин жител“?! Каква „лошотија“,  или „опасност“, наводно, им се „заканува“ на жителите на Брвеница, па да морало ете, токму тој да ги „заштитува“?! Во својата објава на фејсбук Хаќим Рамадани се обидува да се „покрие“, па „великодушно“ се нуди дека ќе ги „заштитува“ не само Албанците, туку и „Македонците и други народи, што живеат во општина Брвеница“. Но, етничката интонација на оваа порака преку општествената мрежа, земајќи ги предвид и другите негови изјави во изминативе денови, многу јасно одразува што сака попрво да каже тој. Рамадани веќе порача најотворено дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“!

Рамиз Мерко им порача на стружани дека нема да го поддржи Арсим Далипи, кандидатот на НАИ и ДУИ во вториот круг

Сѐ уште актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко го продлабочи својот судир со довчерашната матична партија ДУИ и со своите сопартијци, практично, повикувајќи ги гласачите на Струга да гласаат во финишот на локалните избори на 2 ноември за независната листа, а не за кандидатот на Али Ахмети и на НАИ.

Стевчо Јакимовски треба да стане минато за Карпош, порача Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата убедливо победиле со советничките листи. Мицкоски е убеден дека по вториот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе има 60 градоначалници сосе Градот Скопје. Мицкоски зборуваше за актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Мицкоски не е задоволен од директорот Хаќим Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.

To top