Македонија

Мицкоски: Ова е веќе четврти квартал со раст на БДП со повеќе од 3%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше во Општина Брвеница, каде што присуствуваше на пуштањето во употреба на улицата „Коста Рацин“. Во изјава за медиумите тој се осврна на најновите податоци за економскиот раст.

„Државниот завод за статистика денеска објави дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е зголемен за 3,4%. Според податоците на Еуростат за 28 европски земји, Македонија го дели третото место со Хрватска, пред нас се Ирска и Кипар, а сите останати земји од регионот и пошироко се зад нас,“ изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека ова е четврти квартал по ред со раст од над 3% и додаде дека очекува наскоро да се пробие и границата од 4%. „Ова се бројки, со нив нема политиканство и нема играње, тоа се факти кои се на страната на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,“ потенцира премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top