Македонија

Меџити: Соработката меѓу Владата и Општината носи резултат

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска ја посети улицата „Ахмет Хајдари“ (поранешна „Стојна Стефкова“) во населбата Гази Баба, каде што се реализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел на општината. Станува збор за целосна реконструкција на улицата во должина од 170 метри-проект чија цел е унапредување на локалната патна […]

facebook.com/izetmexhiti

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска ја посети улицата „Ахмет Хајдари“ (поранешна „Стојна Стефкова“) во населбата Гази Баба, каде што се реализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел на општината.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата во должина од 170 метри-проект чија цел е унапредување на локалната патна инфраструктура, зголемување на безбедноста и олеснување на движењето за жителите на оваа населба.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година.

„Вака изгледа нашата визија за понатамошен развој на Чаир, преку блиска соработка помеѓу централното и локалното ниво да реализираме конкретни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните“, истакна Меџити за време на теренската посета.

Тој додаде дека ова е само еден од проектите кои се реализираат во населбата Гази Баба, а во наредните денови ќе бидат посетени и други инвестиции – не само тука, туку и во сите делови на Општина Чаир.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top