Македонија

Ѓорѓиевски: Вардар е брендот на градот , ќе има сериозни вложувања и поддршка

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар.

Тој најави дека неговата програма предвидува системска и финансиска поддршка за спортскиот симбол на градот, но и лична поддршка преку присуство на трибините секогаш кога ќе има можност, со што испраќа јасна порака дека ќе биде и партнер и навивач на Вардар.

Вардар е брендот на градот во кое што  јас ќе имам сериозни вложувања и поддршка како градоначалник, и за фудбалскиот клуб и за ракометниот клуб. Нешто на кое што сериозно ќе се посветам. Без разлика кој сум и сум што сум за мене Вардар е посебна емоција и кога можам секогаш ќе бидам присутен на нивните натпревари да ги бодрам.“ -истакна Ѓорѓиевски.

Со оваа порака, Ѓорѓиевски испрати јасен сигнал дека спортот ќе биде еден од неговите приоритети во идното работење, а Вардар – како симбол на скопскиот и македонскиот спорт – ќе добие поддршка што ќе ја врати гордоста на клубот и навивачите.

Најнови вести од: Македонија

Костадиновски: Нема „чувствителни“ и „недопирливи“ предмети за Уставниот суд, кој одлучува со правни аргументи, без политички и етнички влијанија!

Довербата на граѓаните, независноста на судството и отвореноста кон јавноста се клучни за јакнење на улогата на уставните судови, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на регионалната конференција посветена на прашањето како да се зголеми довербата во уставните судови. Конференцијата, која се одржува денеска и утре, 16 и 17 септември, е посветена на независноста, […]

Манасиевски: За кубење коса 4 години затвор, за 150 ќебапи 3 години, а одговорност нема за „Ласкарци“ и „Модуларна“ со 30 мртви, за „Мазут“ вреден 167 милиони евра!

Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор. За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за […]

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството со казни да спречи вакви кривични дела, а не да одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба, а министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе делува во иднина.

Финансиска полиција: Тројца осомничени за измама за околу 300 илјади евра, кои ги „переле“ преку пилешки копани!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи – командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Најнови вести

To top