Македонија

Што пишува во Договорот што Македонија ги склучи со Обединетото Кралство?!

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се погледне на следниот линк. За ова информираше Никола Мицевски, Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Тој вели дека секој детал ќе биде транспарентен за јавноста во врска со, како што вели, […]

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се погледне на следниот линк.

За ова информираше Никола Мицевски, Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Тој вели дека секој детал ќе биде транспарентен за јавноста во врска со, како што вели, историскиот договор.

  • Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави на својот Фејсбук профил Мицевски.

Ова, посочува тој, е историска работа за нашата држава.

  • „Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top