Македонија

Тивок бунт во МАНУ, тешки моменти за академик Камбовски и неговото протеже

Expres.mk ги знае сите можни предмети на трговија во МАНУ додека во академијата се врши досега невидена лоби кампања

Тивок бунт се случува во Македонската академија на науките и уметностите каде бројни членови на повеќе одделенија најавуваат дека ќе го бојкотираат изборот на единствениот кандидат што помина на одделението за општествени науки.

Десетина академици од повеќе одделенија признаваат дека се револтирани од одлуката на Одделението за општествени науки да ја пропуштат на пленарно гласање кандидатката за академик Гордана Лажетиќ Бужаровска а да го блокираат професорот Драги Митревски кој е еден од најважните меѓународно влијателни македонски научници во клучна област археологија.

По откритието на инспекторот Ѓорѓи Илиевски дека Лажетиќ Бужаровска, која благо кажано е малку важна во научна смисла, уште во 2021 била предложена но не минала на одделението за општествени науки а сега го добила потребниот број гласови за да излезе пред сите членови на академијата во МАНУ, се случува тивок бунт.

Академиците се вознемирени и затоа што за разлика од професор Драги Митревски кој е предложен од најстарата високообразовна институција во Македонија, Филозофскиот факултет, Лажетиќ Бужаровска е предложена и протежирана лично од Владо Камбовски.

Со тоа според повеќе академици се уништува и принципот на национален научен интерес за сметка на приватните интереси на еден академик во чија чест кандидатката пишувала научни трудови.

Дел од академиците кои инсистираат на анонимност поради моќта на академик Владо Камбовски велат дека МАНУ заради личните желби на моќниот академик го понижува Филозофскиот факултет и во исто време го понижува и наставно научниот совет на Правниот факултет каде Лажетиќ Бужаровска не добила поддршка и кандидатура за својата желба да биде академик.

Истовремено револт има и кај академици на кои не им е јасно зошто одделението за општествени науки од трката елиминирало друг врвен научни од правната област без да даде образложение за критериумите врз основа на кои Лажетиќ минала понатаму.

Познатиот професор правник со светски награди, кој според информациите на expres.mk не добил можност да се бори за влез во МАНУ пред сите членови на академијата беа да знае зошто е елиминиран од трката.

Професорот правник досега јавно не излегол да ги каже своите забелешки најверојатно затоа што се плаши од влијанието и моќта на Камбовски.

Во моментов, по објавите на expres.mk револтот во академијата расте а академик Камбовски се соочува со тешки моменти и сложен процес на лобирање за поддршка за неговата кандидатка и протеже Лажетиќ – Бужаровска.

За избор за академик на секој кандидат му се потребни половина плус 1 глас од вкупниот број членови на МАНУ.

Засега Лажетиќ Бужаровска според неофицијални изјави на над 20 академици не е блиску до потребниот број гласови.

Сепак искусни членови на МАНУ не исклучуваат дека академик Владо Камбовски поддржан од неговиот најблизок човек, со кој според академици де факто со децении ја водат академијата, академик Таки Фити, ќе успее да направи нова трговија со цел Лажетиќ Бужаровска да добие повеќе од половина од гласовите и да стане акадмик.

Expres.mk по истражувањето што го спроведе во изминатиов месец точно знае кои се можните предмети на трговија со сите академици и истите ги проверува.

Во прашање се интересни релации по принципот ,,На ти – дај ми” кои дополнително го уриваат имиџот на МАНУ

За случајот Лажетиќ Бужаровска преходно пишуваа и други познавачи на состојбите таму но и искусни македонски научници кои ја прогласија МАНУ за Бит Пазар.

Академиците Камбовски и Таки Фити досега не одговорија на прашањата за скандалот со елиминација на професорот Драги Митревски од пленарно гласање упатени од истражувачкиот тим на expres.mk.

Повеќе детали за скандалот во МАНУ на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top