Спорт

Ѓорческа скокна 43 места на ВТА-листата по триумфот во Романија

Најдобрата македонска тенисерка сега е 239. и неделава ќе настапи во Букурешт како четврта носителка

Трофејот на тенискиот турнир во романскиот град Слобозија со награден фонд од 40.000 американски долари, највреден во нејзината кариера, ѝ донесе на Лина Ѓорческа 50 ранкинг-поени и скок од 43 места на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на која неделава ќе ја помине на 239. место.

Со тоа 31-годишната тетовка значително се доближи до својот рекорден ранкинг – 170. место од 2017 година.

Најдобрата македонска тенисерка останува во Романија, кадешто оваа седмица ќе настапи на турнирот во Букурешт, кој ќе се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа е четврта носителка и на стартот ќе се сретне со домашната натпреварувачка Џорџа Крачун (344.).

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top