Македонија

Му го запалил чамецот на братот

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Охрид вчера го приведоа 52-годишниот З.С. од Охрид поради сомневање дека подметнал пожар во дворот на неговиот брат

 

Тој е осомничен дека вчера околу 02:33 часот во двор на улицата „Даме Груев“ во Охрид запалил моторен чамец, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С. (45) од Охрид.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top