Спорт

Ѓорческа почна со победа по маратонски меч во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка како четврта носителка славеше во три сета против Романката Крачун

Лина Ѓорческа продолжи со успех по освоениот тениски турнир во романскиот град Слобозија, забележувајќи победа и на стартот во Букурешт, кадешто се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Овојпат најдобрата македонска тенисерка мораше здраво да запне за да го оправда статусот на четврта носителка и 239. на ВТА-листата во сингл, добивајќи го маратонот од 2:49 часа против Џорџа Крачун (385.) од Романија со 6-4, 4-6, 7-5.

Во второто коло утре од 9 часот 31-годишната тетовка ја очекува дуел со квалификантката Ноеми Басилети (502.) од Италија.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top