Македонија

Денеска дожд, а наместа услови и за невреме

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи за денеска предвидуваат од Управата за хидрометеоролошки работи

 

На одредени места според УХМР ќе има услови за изолирана појава на навреме со пообилен пороен дожд за кратко време, односно да наврнат над 15 литри на квадратен метар и да дува засилен ветер со над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната од 26 до 32 степени.

И во Скопје времето ќе биде слично. Се очекува процесите да бидат во форма на краткотрајно невреме.

Утре (петок) се очекува стабилизирање на времето, а во сабота да има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно се очекува нестабилно време со дожд и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top