Спорт

Охриѓанецот Осман и Турција ја збришаа Грција за финале на ЕП во кошарка!

Крилото што не ја крие гордоста од потеклото од Македонија придонесе со 17 поени за демолирањето на Грците со 94:68

Македонија ќе има претставник во финалето на Европското првенство во кошарка во името на Чеди Осман, роден во Охрид, кој со Турција в недела ќе игра за златниот медал против Германија.

Крилото на Турците, чиј настап во полуфиналето беше неизвесен до последен момент поради повредата на глуждот, придонесе со 17 поени во демолирањето на Грција со 94:68 во Рига за прво еврофинале по 24 години.

Играчот на Панатинаикос, кој во секоја пригода го нагласува своето потекло од Македонија, во чија чест го носеше нејзиното знаме на патиките додека настапуваше во НБА-лигата, одигра речиси 34 минути, во кои оствари ефект од 5/7 за два поена, 2/5 за тројка и 1/3 од слободни фрлања. На тоа додаде и по три скока и асистенции, како и две украдени топки.

По двете злата со Турција на ЕП до 18 и до 20 години, 30-годишниот Осман сега има можност и за прва титула во сениорска конкуренција во мечот со Германија, која во другото полуфинале ја совлада Финска со 98:86.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top